Роналдо нема мирен сон: Портпаролот на полицијата потврди за доказите во Лас Вегас

Las Vegas Ronaldo 3

Кристијано Роналдо изминатиот период е под сериозен притисок поради обвинувањата дека пред десет години наводно силувал девојка во Лас Вегас. Иако полицијата во Лас Вегас повторно ја отвори истрага, Португалецот пред социјалните мрежи демантираше дека е инволвиран во ваков случај.

Откако ,,Лас Вегас Метрополитен Полис” (ЛВМП) официјално излезе со соопштение дека случајот во кој се пишува за наводен сексуален напад извршен во 2009 година од страна на Роналдо врз вработена во казино ресорт во Лас Вегас е отворен, секој ден се повеќе и повеќе докази излегуваат во јавноста.

Овојпат, италијански ,,Калчомеркато” пренесе информација од портпаролот на полицијата на (ЛВМП) дека доказите од пред 10 години се уште ги има.

– Да не се грижи јавноста, доказите ги имаме, во наш посед се. Тестовите од 2009 година се тука, – информира портпаролот.

Facebook Коментари