Поврзете се со нас

Свет

Роналдо: Не сум видел ниту еден подобар играч од мене во историјата на фудбалот (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/selecaoportugal

Кристијано Роналдо и неговото интервју со Еду Агире брзо станаа апсолутна топ тема во Шпанија, не само поради изјавата која ја даде за Килијан Мбапе, туку и поради заклучокот кој го даде за самиот себе.

Португалскиот голгетер секогаш бил максимално самоуверен и велеше дека е најдобар играч во историјата уште во времето кога се пробиваше во Манчестер Јунајтед, став кој очигледно се уште го дели и на 40-годишна возраст.

Во ексклузивниот разговор со Агире, Роналдо се обидува да објасни зошто тој се смета себеси за најдобар играч во историјата, а истовремено и за најкомплетен кој некогаш го заиграл овој спорт.

– Јас сметам дека сум најкомплетниот играч кој некогаш се појавил, тоа е мое мислење. Една работа е вкусот, но јас сметам дека сум најдобар. Јас можам да направам се на теренот. Играм добро со глава, шутирам добро слободни удари, шутирам добро со левата нога, брз сум, скокам високо, а да не зборувам за десната нога…….

– На некои повеќе им се допаѓаат Меси, Пеле или Марадона, јас го сфаќам тоа и го почитувам, но да се каже дека Кристијано Роналдо не е комплетен, тоа е една голема лага. Јас сум најкомплетен во историјата.

– Дали сум најдобар играч во историјата? Јас велам да, не сум видел подобар играч од мене во историјата. Го кажувам ова од срце, – заклучува Роналдо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни