Поврзете се со нас

Англија

Роналдо: Не сум фудбалер за три минути, не жалам што одбив да влезам во игра

Објавено

на

Кристијано Роналдо направи интервју со Пирс Морган, интервју кое се уште актуелно, интервју од кое дополни излегуваат делови во кои ветеранот отворено говори на сите прашања.

Една од темите беше неговиот потег на дуелот со Тотенхем кога при резултат од 2-0 одби да влезе на крајот и притоа предвреме си отиде во соблекувалната. Потоа тој беше суспендиран за таа ситуација за да сега посочи дека се чувствувал испровоциран од тренерот Ерик Тен Ханг, односно дека тој е виновен што така изреагирал и го напуштил теренот.

-Ќе бидам искрен со тебе, жалам што го напуштив стадионот. Веројатно, можеби и не, не знам. Тешко е да ви кажам 100 проценти, но да речеме дека се каам, но на ист начин се чувствував испровоциран од тренерот. Не ми кажувајте дека врвните играчи, момците кои сакаат се, клучните играчи ќе играат три минути.

-Ајде, ова е неприфатливо по она што постојано го кажуваа претходно, дека ме почитуваат, дека прават ова, прават она. За мене тоа не беше почит, затоа се каам за оваа одлука. Им се извинив на соиграчите за ситуацијата, имав пост на Инстаграм, жалам што заминав од стадионот. Жалам што моите соиграчи знаат што чувствував, и им реков да се извинам, но на ист начин не жалам што одлучив да не влезам, -истакна Кристијано.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни