Поврзете се со нас

Лига Европа

Роналдо не реализираше чист зицер, па со еден гест ги насмеа фановите на „Олд Трафорд“ (Видео)

Објавено

на

Кристијано Роналдо се врати во стартната постава на Манчестер Јунајтед по мини-скандалот кој го режираше на дербито со Тотенхем, но сепак не го искористи ултра-офанзивното издание на домашниот тим за да се запише во листата на стрелците.

Англискиот тим го напаѓаше Шериф на секој можен начин и успеа да го скрши мразот преку Дало пред крајот на првиот дел, но претходно видовме едно големо промашување на Роналдо.

Кристијано е далеку од посакуваниот ритам и самодовербата е на доста ниско ниво, а тоа можеше да се види и од шансата која не ја искористи.

Изминатите неколку години, ова претставуваше вистинска рутина за Роналдо, но сега ја нема ниту потребната среќа, бидејќи голманот на Шериф навреме затвори со нога.

Португалецот не можеше да поверува што не реализираше, а со својата искрена реакција ги изнасмеа навивачите на Јунајтед со кои воспостави контакт со очи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни