Роналдо не криеше дека е лут поради замената, „Скај“ тврди дека си заминал пред крајот на средбата (Видео)

Ronaldo-vsSpal

Кристијано Роналдо немаше натпревар за паметење во дуелот меѓу Јувентус и Милан, а тренерот Маурицио Сари реши да го повлече уште во 55. минута.

Тоа е несекојдневно кога се работи за Португалецот кој сака да игра цели натпревари, а видео камерите забележаа дека Роналдо не е среќен поради потегот и јасно испраќа вербална порака кон својот тренер, пред директно да замине во соблекувалната.

„Скај Италија“ пред малку соопшти дека Роналдо си заминал од стадионот три минути пред да заврши натпреварот.

Facebook Коментари