Роналдо не дозволи радост на Милан, финалистот ќе се решава во Торино (ВИДЕО)

ronaldo

Екипите на Милан и Јувентус одиграа без победник 1-1 во првиот полуфинален меч во Купот на Италија.

Ова беше средба во која „росонерите“ беа поконретни, упатија повеќе удари кон голот на „бјанконерите“, меѓутоа не успеаа тоа да го претворат во позитивен резултат, победа пред реваншот во Торино кој е закажан за 4 март. Најзначаните моменти на пресметката на „Џузепе Меаца“ се случија во вториот дел кога прво домаќините преку Ребиќ во 61 минута го отворија резултат.

Десет минути подоцна Ернандез доби втор жолт картон, а таа бројчана предноста на теренот Јувентус ја искористи и во 90 минута преку Роналдо од пенал дојде до реми со гол на гостински терен што е многу важно во вакви дуели.

Facebook Коментари