Роналдо не даде добра оценка за играта на Јунајтед и посочи со колку голови разлика требал да победи Јувентус

ronaldo-united

Кристијано Роналдо постигна фантастичен гол против својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед, а со оглед на тоа што истиот го постигна во Торино, воопшто не се штедеше и на големо го прослави погодокот со кој Јувентус во тие моменти стигна до водство од 1:0.

Јувентус беше подобар тим и пропушти неколку шанси да го дотолчи противникот, но откако не го направи тоа, следеше сурова казна во самата завршница кога Манчестер Јунајтед на двапати погоди за чудесен пресврт на „Алијанц“ стадионот.

Како по обичај, Роналдо беше разочаран од тоа што неговиот тим загуби на еден натпревар, па воопшто не се штедеше и не даде позитивна оценка за играта на Јунајтед на мечот во Торино.

– Среќен сум за голот кој го постигнав, но и разочаран бидејќи лесно требаше да го добиеме овој меч. Требаше да победиме со три или четири гола. Манчестер не направи многу, имаа само две шанси од прекини. Англиските тимови секогаш гледаат да го повредат противникот од прекините. Манчестер не направи ништо за да победи, но не можеме да зборуваме за среќа. Во фудбалот мора да ја заработите среќата, а денеска ние нашата среќа им ја подаривме на нив, – порача Роналдо.

Facebook Коментари