Поврзете се со нас

Шпанија

Роналдо најави сензационално засилување за Валјадолид: Ако не успее во Интер, вратите му се отворени!

Објавено

на

Луис Назарио да Лима Роналдо како газда на Валјадолид има големи планови за блиска иднина, а последната изјава која ја даде во јавноста, секако предизвика огромно внимание поради името кое го спомена.

Роналдо веќе успеа да го привлече Хатем Бен Арфа кој го доби како слободен фудбалер од Франција, но сега се подготвува и за уште посензационален трансфер.

Легендарниот бразилски феномен му ги отвори вратите од својот клуб на Алексис Санчез, чилеанската фудбалска ѕвезда чија кариера оди во надолна линија во изминативе две години.

Алексис во овој момент е не позајмица во Интер, но со оглед на тоа што мали се шансите да остане во Милано, Роналдо му остави отворена опција за пристигнување во Примера.

– Алексис Санчез успеваше во било која лига. Алексис и натаму има огромен квалитет. Ако не успее во Интер, отворени му се вратите во Валјадолид, – изјави Роналдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни