Свет
Роналдо најави проект кој предизвика еуфорија во Бразил: Време е да ја вратиме почитта!
Луис Назарио Де Лима, или многу попознат само како Роналдо остави посебен белег на светската фудбалска сцена со своите изданија на крајот на минатиот и почетокот на новиот век, а иако повредите уништија кариера која можеше да биде уште побогата, популарниот „Феномено“ во секој случај важи за еден од најголемите играчи на сите времиња.
Фудбалскиот талент кој го поседуваше го правеше поразличен од сите ривали кои ги имаше на теренот, но откако ја заврши својата играчка кариера, Роналдо остана составен дел од фудбалот и со низа бизнис потези реши да се подготви за уште еден голем предизвик во својот живот.
Роналдо неодамна го продаде Крузеиро, најави дека во блиска иднина ќе го направи тоа и со Валјадолид, но истовремено откри дека ќе се кандидира за претседател на бразилската фудбалска Конфедерација.
– Преговараме за брза продажба на Валјадолид и очекуваме брзо да ја решиме цела операција. Без оглед колку брзо ќе се одвива тоа, овој случај нема да влијае врз мојата кандидатура за претседателското место, – вели Роналдо за претседателската избори кои ќе се одржат во 2025-та година.
– Оваа најава од моја страна е своевидна порака за претседателите на сите Федерации и клубови во Бразил. Јас ќе бидам кандидат за ЦБФ, имам неверојатни планови и пред да го дадат гласот за мене, сакам да зборувам лично со сите и ќе го направам тоа со враќање во Бразил.
– Имам стотици мотиви да бидам претседател, но најголемиот мотив е бразилскиот фудбал да ја врати почитта на светско ниво. Многу често ми се случува да бидам пресретнат на улица и луѓето бараат од мене да се вратам да играм. Ситуацијата во репрезентацијата не е добра, на теренот, но и надвор од него.
– Слушањето на легендите и поранешните спортисти ќе биде дел од мојот план на раководење, сакам да вратам бразилски легенди и тие да го раководат фудбалот во нашата земја. Сакам од ЦБФ да направам најсаката организација во Бразил, – порачува Роналдо.
-
Англија23 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП17 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија16 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија16 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација18 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија20 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија19 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)