Поврзете се со нас

Свет

Роналдо му го покажа на Лапорт импресивниот гест на фановите, стоперот емотивно порача: Ден што никогаш нема да го заборавам (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/AlNassrFC_EN

Ајмерик Лапорт остана во Саудиска Арабија и покрај шпекулациите дека ќе се врати во Европа, но стартот на новиот месец за жал донесе една вест, кој дефинитивно многу го погоди поранешниот дефанзивец на Манчестер Сити.

Лапорт пред неколку дена со објава на социјалните мрежи се прости од својот татко кој почина на 59-годишна возраст, а вчера за првпат излезе на теренот по немилиот настан во неговото семејство.

Шпанскиот репрезентативец го означи вчерашниот ден како еден кој никогаш нема да го заборави, пред се поради фактот што доби огромна поддршка од навивачите на Ал Наср.

Саудиските навивачи му посветија огромен банер на својот дефанзивец и му изразија поддршка во тешките денови, а импресиониран од потегот на фановите остана и Роналдо.

Кристијано прв му покажа на Лапорт каков гест подготвиле навивачите, по што и самиот Португалец се обиде со прегратка да го утеши својот соиграч.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни