Роналдо: ЛШ е натпреварување на Реал Мадрид

kr7

Португалскиот напаѓач, Кристијано Роналдо со два гола придонесе во победата на Реал Мадрид над АПОЕЛ од 3-0 на стратот на новата сезона во Лигата на шампионите, натпреварување во кое пехарот го бранат „кралевите“.

Ова секако е нов предизвик на Реал, но Кристијано верува оти тој и соиграчите можат позитивно да одговорат на истиот и одново да се радуваат на пехарот во најелитното друштво.

-Има уште многу, да одиме натпревар по натпревар. Прво ја имаме групната фаза, па ќе видиме. Да секако дека сакаме да триумфираме. ЛШ е натпреварување на Реал Мадрид и сакаме да го освоиме, -рече Роналдо за сајтот на „УЕФА“.

Facebook Коментари