Поврзете се со нас

Свет

Роналдо: Левата нога не ми вредеше ниту за качување во автобус, но потоа….

Објавено

на

Луис Назарио де Лима Роналдо е еден од најталентираните и најдобрите напаѓачи кои се појавиле во фудбалот, но и играч кој секогаш ќе остане во сеќавање поради начинот на кој си поигруваше со противничките голмани.

Еден од заштитните знаци на „Феноменот“ беше тоа што ги дриблаше голманите кога ќе излеше „очи в очи“ со нив, а потоа беше непогрешлив и прерасна во еден од најголемите и најубиствените стрелци. Вистинската штета е што тешките повреди го оневозможија да има уште подобра кариера од онаа која во секој случај беше извонредна, па во период кога е еден од најактивните екс фудбалери на социјалните мрежи, му довери на легендарниот Верон една интересна анегдота.

Бразилецот му се отвори на својот колега и му порача дека неговата лева нога не била добра ниту за качување во автобус, но напорната работа направила да постигне 200 голови со послабата нога во целата кариера.

– Кога имав десет години, се сеќавам дека гледав еден материјал за Зико, фудбалер кој беше вистинска ѕвезда во Бразил. Тој беше пример за сите, а во тоа документирано видео беше прикажано како шутира во ѕид без престан со својата лева нога. Долго време го копирав и долги години шутирав во ѕидот со левата нога без престан. На почетокот, мојата лева нога беше речиси празна, не беше добра ниту за качување во автобус.

– Сепак, тренингот многу ми помогна, на крајот постигнав 200 голови со левата нога, што дефинитивно е статистика која изгледа импресивно, – му порача Роналдо на Верон во онлајн разговорот кој го имаа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни