Свет
Роналдо: Кристијано најдобар на сите времиња? Број еден е…

Кристијано Роналдо знае често да говори за себеси и да посочува дека е најдобар играч на сите времиња, најкомплетен во историјата на овој спорт.
Роналдо: Не сум видел ниту еден подобар играч од мене во историјата на фудбалот (Видео)
Меѓутоа тоа негово последно тврдење донесе реакции, коментари од доста докажани асови на овој спорт кој не се согласуваат со неговиот став, а последен кој говореше на темата е Луис Назарио Де Лима Роналдо, еден од најголемите Бразилци, напаѓач кој одбележа една ера во светот на фудбалот.
-Навистина не сакам да навлегувам во ова, мислам дека луѓето имаат преголема самодоверба. Претпочитам луѓето да зборуваат за тоа што сум направил и кој сум јас, наместо да зборувам за себе. Кристијано Роналдо има фантастична приказна, освои се, постигна голови на секој можен начин. Дефинитивно е меѓу најдобрите во историјата. Сега не се согласувам со тоа најдобар. Но, го почитувам неговото мислење… би рекол дека е лесно во топ 10.
-Пеле број 1 без сомнеж, Меси и Марадона се израмнети, Зико, Ромарио, Кристијано Роналдо, [Марко] Ван Бастен, [Зинедин] Зидан, [Луис] Фиго, Ривалдо, Роналдињо Гаучо, серија играчи, има многу одлични играчи на оваа листа, а сигурен сум дека заборавам на некои.
-Секој пат кога некој ќе ме праша за ова рангирање, јас правам различна листа. Само првите три се дефинитивни, -порача Роналдо.
Ди Марија му одговори на Роналдо и му посочи зошто не може да се споредува со Меси (Видео)
Бензема откако Роналдо се самопрогласи за најдобар во историјата: Јас имам друг фаворит!
-
Лига на нации19 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации20 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија15 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации19 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Лига на нации19 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Репрезентација10 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Свет17 часа
Арда го замолкнуваше Собослаи, ѕвездата на Ливерпул жестоко одговори за неговиот статус во Реал (Фото)