Поврзете се со нас

Шпанија

Роналдо: Кога го гледам Реал, барам само еден играч на теренот

Објавено

на

Foto:instagram.com/ronaldo

Роналдо Назарио одбележа една ера во фудбалот и тешките повреди го спречија да има уште понезаборавна кариера, но потезите и дриблинзите кои ги остави наследство за фудбалот напарвија да да биде сметан како еден од најдобрите во историјата.

Популарниот „Феномено“ играше за големи клубови како Барселона, Реал Мадрид, Интер и Милан, но поради влијанието кое го имаше во шпанската престолнина, никогаш не криел дека најубавите моменти ги минал на „Сантијаго Бернабеу“.

Роналдо се смета за легенда на Реал и покрај тоа што на почетокот на кариерата ги бранеше боите на Барселона, а како човек кој важи и за амбасадор на „кралевите“, сега вели дека посебно е воодушевен кога го гледа Џуд Белингам.

– Уживам да го гледам Белингам, сакам да го гледам како игра. Кога го гледам Реал Мадрид, посебно барам само еден играч на теренот, а тоа е Џуд. Тој постигнува гол речиси на секој меч, постојано оди во нападот. Гледав неколку натпревари на „Бернабеу“ и постојано го барав Белингам на теренот. Ме изненади со својот квалитет, брзината со која стигнува до противничкиот шеснаесетник е импресивна. Со своите квалитети ме потсетува на Зинедин Зидан, – вели Роналдо во интервјуто за „Деили меил“ и додава.

– Мбапе? Ќе мора да почекаме да стане официјално, но сите зборуваат дека ќе заврши во Мадрид. Тој е неверојатен играч, еден од најдобрите во моментов. Ќе направи одличен избор со Реал Мадрид, мислам дека во Реал конечно ќе ја освои „Златната топка“, – смета „Феномено“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни