Поврзете се со нас

Свет

Роналдо ќе се бори за важна функција, планира и интересен „подарок“ за бразилските фанови

Објавено

на

Foto:instagram.com/ronaldo

Бразилската фудбалска легенда Роналдо подготвува кандидатура за позицијата претседател на Бразилската фудбалска федерација и веќе сериозно размислува за начинот со кој би ги убедил делегатите да гласаат за овој предлог.

Поранешниот напаѓач на бразилската репрезентација последниве години е актуелен како сопственик на неколку клубови, вклучувајќи го шпански Валјадолид, но сега размислува за малку поинаква позиција.

Изборите за нов претседател ќе се одржат во 2026 година, но Роналдо уште отсега почнал да работи на случајот, почнувајќи ја кампањата преку медиумите и обидувајќи се да добие што повеќе приврзаници за интересниот предлог.

Роналдо планира да го убеди Пеп Гвардиола да го преземе Бразил како главно ветување во својата кандидатура, но засега е нејасно до кога шпанскиот стручњак ќе го води Манчестер Сити и дали би прифатил ваков предизвик.

Легендарниот напаѓач настапуваше за својата земја меѓу 1994 и 2011 година и постигна 62 гола на 98 натпревари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни