Поврзете се со нас

Свет

Роналдо ќе го стартува ЕП со уникатен рекорд: Ова не е случајно

Објавено

на

Foto:twitter.com/selecaoportugal

Кристијано Роналдо беше на излезни врати од репрезентацијата на Португалија на крајот на Светското првенство во Катар, но заминувањето на селекторот Сантош отвори уште една етапа за најдобриот голгетер во националниот тим.

Роберто Мартинез брзо зборуваше со Роналдо и го убеди дека ќе биде клучен во неговиот тим, па така Кристијано на стартот на турнирот во Германија ќе постави уникатен рекорд.

Роналдо ќе стане првиот играч во историјата кој настапил на шест Европски првенства, а тоа е само уште еден доказ колку долго трае кариерата на неверојатната португалска гол машина.

– Секој играч си има свој играчки и животен стил. Лидерството не се учи, со тоа се раѓате. Јас научив многу во текот на карирерата и гледам како можам да бидам попродуктивен за соиграчите. Сакам да ме гледаат како пример, сакам да бидат добри професионалци.

– Адаптацијата е клучна во кариерата на еден фудбалер. Ако еден играч сако да биде долговечен, мора да има способност да се адаптира во различни етапи од кариерата. Јас успеав да го направам тоа, не е случајно што 20 години играм на највисоко ниво. За да дојдете до тоа, мора да бидете многу посветени и да завршите огромна работа надвор од теренот.

– Горд сум што ќе бидам првиот играч кој настапил на шест Европско првенства, тоа ми влева посебна страст и е уште еден доказ за мојата долга кариера. Привилегиран сум што и натаму сум дел од репрезентацијата, сакам само да им помогнам на моите соиграчи, – изјави Роналдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни