Поврзете се со нас

Италија

Роналдо ќе го пропушти утрешниот натпревар со Барселона

Објавено

на

Кристијано Роналдо нема да настапи на утрешниот дуел со Барселона од Лигата на шампионите, бидејќи и последниот тест за коронавирусот бил позитивен.

Јувентус се обидуваше во последен момент да обезбеди зелено светло за настап на Португалецот во дербито меѓу Јувентус и Барселона, но за такво нешто беше потребен негативен тест на 24 часа пред почетокот на средбата.

Роналдо сигурно е разочаран бидејќи ќе мора да пропушти и втор натпревар од ЛШ сезона и посебно пресметка со својот вечен ривал Лионел Меси, кој пак ќе ја предводи Барселона во Торино.

Последен натпревар на Роналдо е дуелот од Лигата на нации меѓу Франција и Португалија, а оттогаш ги пропушти средбите од Серија А и ЛШ, во кои Јувентус не блескаше.

Натпреварот утре се игра од 21 часот, а Роналдо останува во самоизолација иако нема никакви симптоми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни