Роналдо ќе го пропушти првиот дуел против Реал Мадрид

kristijano

Кристијано Роналдо следната недела официјално ќе биде претставен како ново засилување на Јувентус, по што се очекува да го продолжи својот одмор, започнат по крајот на настапот на Португалија на СП во Русија.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Роналдо ќе ги започне подготовките кон крајот на јули, кога Масимилијано Алегри конечно ќе ги има сите фудбалери на располагање, а тоа е најава дека Кристијано ќе го пропушти првиот дуел меѓу Јувентус и неговиот поранешен клуб Реал Мадрид.

Истиот е закажан на американска територија на 5. август, период до кој се очекува Роналдо да има одработено само неколку дена од подготовките, што е недоволно за двете страни да прифатат ризик тој да настапи на натпревар. Португалецот е познат по внимателното враќање во ритам и затоа се очекува да го скокне европското дерби во Вашингтон, а како е потврда е наведен и ланскиот пример кога тренираше девет дена и сепак не беше целосно подготвен за Суперкуп дуелот во Скопје.

Според ваквите најави, Роналдо ќе дебитира во дресот на Јувентус на отворањето на новата сезона на Серија А, односно две недели подоцна.

Facebook Коментари