Поврзете се со нас

Лига Европа

Роналдо ја упропасти историската вечер со еден потег на полувремето, Барди и Трабзонспор ја решија Звезда (Видео)

Објавено

на

Кристијано Роналдо испиша нова историја оваа вечер и за првпат погоди во Лигата на Европа, натпреварување во кое првпат настапи пред нешто повеќе од 19 години.

Речиси две децении подоцна, Купот на УЕФА е ребрендиран во Лигата на Европа и Португалецот го постигна првиот гол како напаѓач на Манчестер Јунајтед, но тоа му донесе и историја бидејќи важи за играч кој постигнал гол во сите натпреварувања кои настапил во кариерата на клупски и репрезентативен план.

Благодарение на неговиот гол и оној на Санчо, Манчестер Јунајтед имаше мирна ноќ во Молдавија и победи со 0:2, но сепак еден потег на Роналдо наиде и на сериозни критики.

Вчера видовме како Меси реагираше на влегување на фан на теренот, а вечерва Роналдо одби да се фотографира со една девојка која го бараше тоа од него по крајот на првиот дел.

Од натпреварите во 18:45 часот, за издвојување и оној меѓу Трабзонспор и Црвена Звезда, бидејќи Барди и неговите соиграчи успеаја да најдат лек за српскиот првак. Трабзонспор победи со 2:1, а Барди влезе во вториот дел и го замени искусниот Хамшик кој стрелаше за 1:0. Покрај Марек, гол постигна и Трезеге, Николиќ ги постави конечните 2:1, а Кангва ја остави Звезда на цедило со црвениот картон во 63-та минута.

Санчо со генијална прослава на гол ги освои срцата на навивачите на Јунајтед (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни