Поврзете се со нас

Англија

Роналдо ја сменил куќата во Манчестер поради несекојдневна причина

Објавено

на

Кристијано Роналдо се врати како голема ѕвезда во Манчестер Јунајтед, а успеа брзо да пронајде вила во која ќе живее со семејството.

Сепак, иако вилата вреди шест милиони фунти, Португалецот и неговите најблиски решиле да се преселат и тоа поради несекоjдневна причина, – тврдат британските таблоиди.

Во близина на луксузната вила се наоаѓала голема фарма во која сопственикот чувал и многу овци, а бучавата која се создавала им пречела на членовите на семејството, посебно во текот на ноќта.

Роналдо ја знаел информацијата за „соседите“, но не очекувал дека ќе има ваков проблем, па експресно била пронајдена нова вила опкружена со убава природа, каде големата фудбалска ѕвезда ќе живее додека настапува за Јунајтед.

Фудбалерот бил задоволен од новото опкружување и фактот што новиот дом е во близина на тој во кој живеел додека првпат настапуваше за Јунајтед.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни