Роналдо ја пронајде главната разлика меѓу него и Меси: Тој ќе биде запаметен како фантастичен играч, но…

kiki-trofej

Кристијано Роналдо во опширното интервју кое го направи за „ДАЗН“ откри каква специјална порака добивал од Зинедин Зидан, но исовремено, направи и една споредба меѓу него и вечниот ривал за фудбалскиот престол на индивидуален план, Лионел Меси.

Португалската ѕвезда напоменува дека Меси секогаш ќе остане запаметен како фудбалер кој останал на врвот толку долго, но исто така, се обиде да ја посочи и најголемата разлика меѓу нив двајца.

– Меси е фантастичен фудбалер кој ќе биде запаметен по освоените „Златни топки“, но и по тоа што секогаш е тука на врвот, година за година, исто како што е случајот и со мене. Разликата меѓу него и мене е тоа што јас играв во различни клубови и што ја освоив Лигата на шампионите со клубови од различни земји, – порачува Роналдо.

Facebook Коментари