Поврзете се со нас

Светски првенства

Роналдо ја продолжи импресивната серија, страшни партии на Белгија и Холандија

Објавено

на

Селекцијата на Португалија ја заборави неправдата од средбата со Србија и тоа со триумф во пресметката против Луксембург која ја реализираше со 3-1.

Фаворитот мораше да се враќа од негатива за да ги освои трите бода со погодоците на Жота, Роналдо и Палиња. Со ова Кристијано ја продолжи импресивната серија, да постигнува најмалку по еден погодок во репрезентативниот дрес во секоја календарска година од 2004 кога за првпат стрелаше во националниот дрес.

Импресивни изданија пак имаа селекциите на Белгија и Холандија кои оваа вечер заедно искомбинираа 15 голови. Белгијците славеа над Белорусија со 8-0, а пак „лалињата“ се изборија за славје од 7-0 над аутсајдерот Гибралтар.

Најголемото изненадување го направи Летонија која иако губеше со 2-0 и 3-1 се избори за бод против Турција во Истанбул (3-3).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни