Роналдо ја освои петтата „Златна топка“

ronaldo-ballondor

Кристијано Роналдо ја освои „Златната топка“ на францускиот магазин „Франс Фудбал“, престижното признание до кое Португалецот успеа да стигне петти пат во својата фудбалска кариера.

Французите решија церемонијата годинава да се одржи на Ајфеловата кула, а Роналдо ја оправда фаворитската улога и доби најмногу гласови во изборот за најдобар светски фудбалер за 2017 година.

Зад Роналдо останаа Лионел Меси и Нејмар, додека место во Топ 5 имаше и за Џиџи Буфон и Лука Модриќ. Ѕвездата на Реал Мадрид се израмни со Меси според бројот на своени „Златни топки“, а последен пат ова признание заврши кај друг фудбалер во 2007 година, кога лауреат беше Кака.

Facebook Коментари