Поврзете се со нас

Свет

Роналдо ја дозна казната за неморалниот и вулгарен гест кон противничките фанови

Објавено

на

foto:twitter.com/AlNassrFC_EN

Кристијано Роналдо безброј пати во кариерата покажал дека не знае баш да се носи со провокациите кои пристигнуваат од трибините, но ако во Европа доста често знаеше да се контролира, во Саудиска Арабија навистина им одговара на фановите со невкусни потези.

Последниот потег на Роналдо ги надмина границите на дозволеното и покажувањето на меѓуножјето се најде во центарот на вниманието, уште повеќе поради тоа што фановите на Ал Шабаб го провоцираа со скандирања „Меси“.

Саудиските медиумите го протоклуваа потегот на Роналдо како неморален, крајно невкусен и вулгарен, па откако се создаде голем притисок во јавноста, мораше да реагира и Федерацијата.

Саудиското дисциплинско тело на крајот изрече поблага казна од тоа што се најавуваше, па наместо два меча, Роналдо е суспендиран на еден меч, оној против Ал Хазем кој се игра денеска.

Покрај тоа, во соопштението се наведува дека поради непримерниот гест, Роналдо ќе мора да исплати и 7.500 илјади евра.

Нервозниот Роналдо одговори со вулгарен гест на „Меси“ прозивките од трибините (Видео)

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни