Англија
Роналдо излезе со прва изјава за Тен Хаг: Работите треба да се променат…

Кристијано Роналдо доби низа критики од дел од англиската јавност, но реалноста е дека тој е најдобар голгетер на Манчестер Јунајтед со 24 погодоци и да не беше тој, оваа сезона на тимот ќе беше уште поразочарувачка.
Португалецот во неколку наврати беше видно незадоволен од своите соиграчи и од одлуките кои ги носеше Ралф Рангник, па поради тоа, многумина почнаа да се прашуваат дали тој планира да остане во клубот наредната сезона.
Ако се суди според последната изјава на Кристијано, тој се гледа себеси на „Олд Трафорд“ и под водство на новиот менаџер, за кого сега ја даде првата изјава во интервју за официјалната телевизија на клубот.
– Тоа што го знам за Тен Хаг е дека направи фантастична работа во Ајакс, дека веќе е искусен тренер кој работи на врвно ниво. Сепак, јасно е дека ќе мора да му дадеме време, работите треба да се променат на начинот на кој тој посакува.
– Се надевам дека ќе имаме успех, му посакувам се најдобро. Сите сме среќни и возбудени од неговото доаѓање, не само играчите, туку и навивачите. Му посакувам се најдобро и се надевам дека наредната сезона ќе освоиме трофеи со него, – вели Роналдо.
-
Англијапред 18 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Македонијапред 11 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Германијапред 16 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 14 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Шпанијапред 18 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 17 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 15 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Македонијапред 10 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!