Роналдо испрати порака по петтата „Златна топка“: Се надевам ќе продолжи битката со Меси

ronaldo topka

Кристијано Роналдо како и што се очекуваше оваа вечер ја доби „Златната топка“ и со тоа се изедначи со Лионел Меси кога е во прашање оваа престижна награда.

Португалецот на Ајфеловата кула го подигна петтото признание по што не го криеше големото задоволство.

-Среќен сум, ова е фантастичен момент во мојата кариера. Се надевав на ова долго време. Годинава беше фантастична. Ја освоивме ЛШ, Примера, а бев и прв стрелец во ЛШ. Овие трофеи помогаат да се освојат овие индивидуални награди, морам да им се заблагодарам на моите соиграчи од Реал и Португалија кои се многу важни за мене. Среќен сум во Реал и сакам тука да останам. Убаво ќе биде ако ја завршам кариерата во Реал, ако е возможно. Сакам седум Златни топки и седум деца, -истакна Кристијано коментирајќи ги Меси и Нејмар кои останаа зад него во оваа битка.

-Се надевам ќе играм на ова ниво уште неколку години и се надевам борбата со Меси ќе продолжи. Работите се случуваат со причина. Добро се чувствувам и на крјаот на годината ќе видиме што ќе освоиме. Нејмар поседува огромен талент и многу потенцијал. Сигурен сум ќе има шанса да ја освои наградава во иднина,-рече ѕвездата на „кралевите“.

Facebook Коментари