Поврзете се со нас

Англија

Роналдо испрати порака до фановите на Јунајтед по убедливиот пораз од Ливерпул

Објавено

на

Убедливиот пораз од Ливерпул е тежок удар за Манчестер Јунајтед, па менаџерот Оле Гунар Солскјер и неговите фудбалери ќе мора бргу да им се вратат на победите за да ги смират фановите и своите претпоставени.

Кристијано Роналдо не успеа да му помогне на својот тим да го избегне поразот, а неколку часа по дуелот на „Олд Трафорд“ испрати порака до фановите преку социјалните мрежи.

– Понекогаш резултатот не е оној за кој се бориме, понекогаш резултатот е како што не посакуваме.

– И за овој пораз сме одговорни ние и само ние, бидејќи не треба да обвинуваме некој друг.

– Нашите фанови уште еднаш беа фантастични со постојаната поддршка, заслужуваат многу повеќе од ова и ние мора да испорачаме такво нешто и тоа веднаш, – напиша Роналдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни