Роналдо испрати една искрена замерка до Нејмар од спортски аспект

ronaldo-ziko

Легендарниот „Ил Феномено“, или многу попознат само како Роналдо во изминативе неколку дена е исклучително актуелен во родниот Бразил, а причина за тоа е ексклузивното интервју кое го направи со една друга бразилска легенда, незаборавниот Зико.

Роналдо во разговорот со својот добар пријател отвори многу интересни теми, а во вториот дел од продолжението на интервјуто, сега ни пристигна делот во кој поранешниот играч на Реал Мадрид и Барселона направи една споредба за неговото и заминувањето на Нејмар од „Камп Ноу“.

Неповторливиот напаѓач смета дека не може да се справи споредба меѓу овие два случаи, бидеќи Нејмар направил чекор назад од спортски аспект со заминувањето во ПСЖ.

– Гледано искрено и од спортски аспект, Нејмар со одлуката да замине во ПСЖ направи чекор назад, но сепак секој си има свои размислувања. Јас исто така своевремно ја напуштив Барселона, но јас тогаш заминав во Интер и во италијанската лига која тогаш беше најсилна, – потенцира Роналдо.

Facebook Коментари