Поврзете се со нас

Свет

Роналдо искрено проговори за Меси: Не сме пријатели, тој ми е како…

Објавено

на

Португалската ѕвезда, Кристијано Роналдо кажа многу работи во бомбастичното интервју со Пирс Морган, се отворија многу теми, прашања, а меѓу другото имаше можност да проговори и за Лионел Меси.

Меси е најголем „непријател“, ривал на Португалецот на големата фудбалска сцена на која се долго време, сцена на која имаат соборено многу рекорди, освоени титули, признанија со кои дефинитивно имаат статус на великани.

Ама без разлика на сите тие битки, еден со друг имаа огромна почит и најдобро за тоа говорат зборовите, ставот на Кристијано за Аргентинецот.

-Секогаш сме имале почит еден за друг. Тој е неверојатен фудбалер, магичен, топ. Како човек, ја делиме сцената 16 години, замислете 16 години. Имам одличен однос со него. Не сме пријатели во смисла да се дружиме, да се слушаме на телефон, да доаѓа на гости, но тој ми е како соиграч, некој што навистина го почитувам. И начинот на кој тој секогаш зборувал за мене. Дури и сопругите ни се почитуваат, двете се од Аргентина. За Меси можам да кажам само убави работи, добар дечко, направи се за фудбалот, -рече Роналдо кој запрашан дали Лео е најдобар играчо ако се исклучи себеси одговори потврдно, но го спомна и Зинедин Зидан.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни