Свет
Роналдо: Имав лоша фаза од мојата кариера, но сега сум подобар човек

Португалија на 23 и 26 март ги игра првите два натпревари во квалификациите за пласман на Европското првенство, мечеви закои во комбинација е Кристијано Роналдо.
Имаше многу шпекулации дека СП во Катар ќе биде последно за напаѓачот, поточно дека тука ќе ја заврши репрезентативната кариера, но ветеранот сака да биде активен, да помага и поради тоа доби повик од новиот селектор Роберто Мартинез.
На Мундијалот во Катар, Роналдо дојде по еден турбулентен период во Манчестер Јунајтед, период во кој имаше интервју со Пирс Морган во кое распука по клубот, менаџерот по што дојде до негова разделба со премиерлигашот, а потоа и до преселба во Ал Наср.
-Јас немам проблем да кажам дека имав лоша фаза од мојата кариера, но нема време за жалење. Животот продолжува, дали оди добро или не, тоа беше дел од мојот раст. Кога сме на врвот на планината, честопати не можеме да видиме што е долу.
-Сега сум поподготвен и учам дека тоа беше важно, затоа што никогаш не сум поминал низ ова, како во последните неколку месеци. Сега сум подобар човек, -порача Роналдо на пресот пред дуелите со Лихтенштајн и Луксембург.
-
АТПпред 14 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Италијапред 11 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Глејзерови го користат првиот човек на ПСЖ во обидот да изнудат повеќе пари за продажбата на Јунајтед
-
Лига на шампионипред 14 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
НБАпред 12 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Бернардо Силва избра англиски соиграч за кого би сакал да биде Португалец (Видео)
-
НБАпред 13 часа
Денвер доби неочекувани херои и се приближи на победа до прва НБА титула (Видео)
-
Лига на шампионипред 24 часа
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…