Поврзете се со нас

Италија

Роналдо им испрати специјална порака на своите противници по неверојатното достигнување во кариерата (Фото)

Објавено

на

Кристијано Роналдо доби поштеда од Андреа Пирло на мечот со Беневенто, но вечерва беше ударна игла во нападот на Јувентус заедно со Алваро Мората и успеа да се запише во листата на стрелците.

Јувентус конечно доби еден натпревар на рутиниран начин и победи со убедливи 3:0, но она за што зборува цела италијанска јавност по крајот на мечот е неверојатниот личен рекорд кој го постави Кристијано.

Всушност, станува збор за еден навистина посебен јубилеј во кариерата на португалскиот фудбалски мајстор, кој на вечерашниот меч против Динамо Киев го постигна својот 750-ти погодок како професионалец.

– 750 голови, 750 среќни моменти, 750 насмевки на лицата на нашите навивачи. Благодарност до сите играчи и тренери кои ми помогнаа да стигнам до оваа неверојатна бројка, благодарност до сите мои лојални противници кои направија да работам понапорно секој ден, – порача Роналдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни