Поврзете се со нас

Шпанија

Роналдо и Рамос му испратија пораки на Начо по потврдената разделба со Реал

Објавено

на

Foto:twitter.com/AlNassrFC_EN

Дефанзивецот Начо Родригез и дефинитивно ќе го напушти Реал Мадрид за да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, а потврдата на оваа информација донесе и многу емотивни пораки на сметка на досегашниот капитен.

Начо се разделува со Реал по 23 години и тоа е нешто што навистина не се случува така често во модерниот фудбал, а меѓу првите кои ја истакнаа неговата важност за клупската историја биле Кристијано Роналдо и Серхио Рамос.

– Ти се еден од хероите во богатата историја на Реал Мадрид. Начо, биди горд за тоа што го постигна, – му порача Роналдо на својот бивш соиграч преку социјалните мрежи.

– Драг Начофи, заминуваш, но секогаш ќе останеш дел од историјата на Реал Мадрид.

– Честитки за одличната кариера, беше задоволство да ја делам соблекувалната и да прославувам толку многу успеси со тебе во текот на многу години. Ми беше драго што те видов и како капитен, секогаш во мојот тим, – порачал Рамос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни