Шпанија
Роналдо го „шутна“ својот добар пријател во Валјадолид поради спорна изјава (Фото)

Роналдо Назарио веќе пет години е газда на Реал Валјадолид и постојано привлекува внимание кога тимот е дел од Примера, но и сега кога овој тим се натпрварува во Сегунда, Бразилецот повлече потег кој не остави никого рамнодушен.
Валјадолид е во горниот дел на табелата и го зазема четвртото место во овој момент, па иако Роналдо може да биде спокоен до одреден момент, доста турбуленции му предизвика неговиот близок пријател и сонародник, Жулио Баптиста.
Поранешниот напаѓач на Севилја и Реал Мадрид веќе четири години работеше како тренер на младинскиот тим на Валјадолид, но од оваа среда тоа веќе не е така, а причина за тоа е неговата спорна изјава.
Баптиста сериозно ја нападнал политиката на клубот по последниот пораз во младинската лига, кога нагласил дека луѓето од првиот тим не му прават услуга со тоа што ги промовираат младинците порано од предвиденото.
Оваа изјава на Баптиста на крајот допре и до Роналдо, кој и покрај блискоста и пријателскиот однос, реши да му врачи отказ и да го отпушти. За негов наследник експресно е назначен Алварио Рубио.
🖊️💜 Álvaro Rubio, nuevo entrenador del Real Valladolid Promesas.
El Club quiere agradecer a Julio Baptista y a su cuerpo técnico su desempeño como blanquivioletas al mismo tiempo que les desea la mejor de las suertes en el futuro.https://t.co/bsrtu4tO4M#RVPromesas pic.twitter.com/CXeCgOMsIj
— Cantera Real Valladolid (@RVcantera) November 8, 2023
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 20 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Италијапред 17 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Македонијапред 22 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Шпанијапред 16 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Европски првенствапред 19 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Англијапред 7 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него