Поврзете се со нас

Свет

Роналдо го реши дербито во Саудиска Арабија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/AlNassrFC_EN

Кристијано Роналдо и неговиот Ал Наср издвојуваа победа над Ал Ахли со 1-0 во дерби средбата од 24. коло во првенството на Саудиска Арабија.

Гостите пред неколку дена доживеаа тежок удар со елиминацијата од азиската Лига на шампиони, но и покрај тоа вечерва се кренаа и издвојуваа триумф со кој се зацврстија на второто место на табелата.

Човек на одлука беше Роналдо кој во 68 минута ја презема одговорноста и го реализираше ударот од 11 метри. Претходно во првиот дел му беше поништен гол на Кристијано (офсајд), но и на Фирмино во 57 минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни