Поврзете се со нас

Свет

Роналдо ги покажа своите „истрошени“ стапала, фановите се потсетија на незаборавната изјава на МекКени (Фото)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/AlNassrFC_EN

Кристијано Роналдо ја надмина бројката од 1000 официјални натпервари во својата играчка кариера и продолжи да пробива фудбалски бариери, а Португалецот е пример за вистински професионалец и на 39-годишна возраст.

Работната етика и посветеноста на Роналдо е нешто што ретко се наоѓа во модерниот фудбал, но токму здравиот живот, правилната исхрана и часовите посветени на рекуперација направија тој да биде активен и на навистина високо ниво пред да влезе во петтата деценија од животот.

Кристијано е најдобар голгетер во Саудиска Арабија и планира да игра фудбал уште најмалку две години, а жртвата која ја прави за да остане во ритам посебни ги импресионира неговите следбеници.

Роналдо доста често објавува фотографии од тренинзите и начинот на кој се рехабилитира од тешките напори, па така последната објава од неговите „истрошени“ стапала предизвика доста коментари на социјалните мрежи.

Еден дел од фановите се шокирани од потечените стапала на Португалецот, а друг дел се потсетија на незаборавната изјава на МекКени од пред неколку години.

– Се сеќавам дека еден ден влегов во центарот за рехабилитација и Роналдо добиваше масажа. Ги видов неговите стапала и му реков дека изгледаат ужасно. Тој јме погледна и ми врати: Пријателе, овие стапала вредат милијарда евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни