Поврзете се со нас

Европски првенства

Роналдо ги објасни солзите по промашениот пенал и го најави дербито со Франција: Одиме во војна

Објавено

на

Foto:x.com/selecaoportugal

Кристијано Роналдо можеше да биде јунак на Португалија и да го однесе својот тим во четвртфинале, но нереализираниот удар од 11 метри им даде шанса на Словенците, кои потоа преку Шешко не реализираа златна шанса за пласман меѓу осумте најдбри.

Словенците сигурно уште долго ќе го паметат промашувањето на својот најдобар напаѓач, додека Роналдо исто така долго ќе го памети мечот со Словенија поради различниот набој на емоции.

По нереализираниот пенал во дополнителните 30 минути игра, Кристијан целосно се скрши и почна да плаче на теренот, па мораше да биде смируван од соиграчите пред вторите 15 минути.

Страста која ја покажа Роналдо доволно демонстрира каква љубов чувствува кон португалскиот дрес, а судбината на крајот посака да добие поправна шанса, во која не погреши.

Кристијано погоди во пенал рулетот и им се извини на португалските фанови, но потоа херој беше голманот Коста кој одбрани три пенали и ја одведе Португалија во четвртфинале.

– Голема тага на почетокот и голема радост на крајот, тоа е фудбалот. Ова се моменти кои тешко се објаснуваат, имав можност да го донесам тимот во водство, но него направив тоа. Облак имаше добра парада, а јас цела година не промашив пенал, се до овој момент. Кога беше најпотребно, не успеав да реализирам.

– Моите солзи? Дури и најдобрите имаат вакви денови, бев депримиран и тажен поради тоа што на тимот му требаше гол. Ќе го разгледам пеналот и ќе видам каде погрешив. Ќе зборуваме повторно за ова, но сега најважно е тоа што следи. Ќе имаме многу тежок меч со Франција и одиме во војна против нив. Оваа победа ми дава нова енергија и сите знаете дека секогаш давам се што имам за овој дрес. Никогаш не сум се плашел да се вратам откако ќе паднам, никогаш нема да ме видите како се предавам. Ова е мое последно Европско првенство и ќе дадам се од себе до крајот, – изјави Роналдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни