Поврзете се со нас

Англија

Роналдо ги нападна медиумите: Кажуваат лаги, вистината ќе излезе на виделина (ФОТО)

Објавено

на

Португалската супер ѕвезда Кристијано Роналдо се уште е дел од премиерлигашот Манчестер Јунајтед, меѓутоа останува отворено прашањето колку навистина сака да биде во клубот во кој во првиот мандат блесна на најголемата сцена.

Наводно кај напаѓачот постои одредено незадоволство од целата ситуација во клубот, но и поради фактот што истиот нема да игра во Лигата на шампионите во новата сезона, па затоа бара преселба во нова средина во која ќе може да се натпреварува на највисоко ниво, односно ќе може заедно со соиграчите да се бори за титули.

Во меѓувреме додека постои оваа неизвеснот во однос на ова прашање, па дури и одредена тензија самиот Роналдо реши да се огласи и ги обвини медиумите дека лажат. Тој порача дека за брзо време ќе се знае целата вистина и ќе биде расчистена целата ситуација.

-Ќе ја знаете вистината кога ќе дадат интервју за неколку недели. Медиумите кажуваат лаги. Имам бележник и во последните неколку месеци од 100-те вести што ги одбележав, само 5 беа вистински. Замислете како е. Држете се до тоа, -порача Кристијано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни