Поврзете се со нас

Свет

Роналдо ги наброја петте играчи кои најмногу ужива да ги гледа и го изостави Кристијано

Објавено

на

Луис Назарио де Лима Роналдо, или многу попопуларен само како Роналдо „Феномено“ остана активен во фудбалската јавност и по крајот на играчката кариера, не само поради тоа што го презема Валјадолид како сопственик со најмногу акции, туку и поради фактот што постојано дава изјави за медиумите во Шпанија.

Роналдо нема проблем да прави редовни анализи за она што се случува во актуелниот фудбал и тој е еден од оние кои не сака да прави споредби за различни генерации на фудбалери, но затоа кога е во прашање модерниот фудбал и периодот од последните 15 години, Бразилецот нема сомнеж кој е најдобриот.

Фудбалскиот виртуоз во повеќе наврати има нагласено дека Меси е најдобриот во својата ера пред Кристијано Роналдо, но сега во своето набројување на петте најинтересни играчи за гледање, комплетно го заборави Португалецот кој настапува за Јувентус.

Запрашан за тоа кои играчи најмногу ужива да ги гледа од трибините и дома на телевизија, Роналдо го даде следниот одговор во интервјуто за „АС“.

– Меси пред се. Тој е број еден, талент каков што нема да видиме во фудбалот најмалку 20 или 30 години. Нема да видиме нешто слично.

– Покрај него, ми се допаѓаат уште Салах, Азар, Нејмар и секако тука би го придодал уште Мбапе, – додаде Роналдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни