Роналдо со фотографија потврди дека го доби и четвртото дете (Фото)

ronaldo-semejstvo

Кристијано Роналдо денеска стана татко по четврти пат, откако неговата девојка Георгина Родригез се породила во болницата која се наоѓа во близина на луксузната вила на португалскиот фудбалер во Мадрид, – пренесуваат повеќе шпански медиуми.

Самата Георгина претходно веќе откри дека се работи за девојче кое ќе го добие името Алана Мартина, а е прво дете на оваа двојка. Вечерва самиот фудбалер објави фотографија на која се среќните родители и неговиот 7-годишен син Кристијано џуниор, а Алана Мартина воедно е и втора ќерка во семејството.

Роналдо неодамна доби и близнаци од сурогат мајка од САД, или на идентичен начин како и најстариот син.

A Alana Martina acaba de nascer! Tanto a Geo como a Alana estão muito bem! Estamos todos muito felizes! ❤️

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Facebook Коментари