Поврзете се со нас

Англија

Роналдо е разочаран од Руни и Невил: Тие не се мои пријатели (ВИДЕО)

Објавено

на

Иако пред нас е Светското првенство во моментов топ тема во светот не фудбалот е Кристијано Роналдо, а причината за тоа е интервјуто кое го направи со Пирс Морган, интервју кое допрва целосно ќе биде објавено.

Тој говореше без влакна на јазикот, па го нападна Манчестер Јунајтед, сопствениците, управата, тренерот Ерик Тен Хаг за кого посочи дека нема никаква почит, но и неговите поранешни соиграчи како Вејн Руни и Гери Невил.

Тие знаеја да го критикуваат за неговиот однос и тоа што го прави сезонава на теренот, критики кои Португалецот не ги прифати и си ги зема при срце, па дури го спомена и изгледот на Руни. Тој за двајцата порача дека не се негови пријатели.

-Пирс не разбирам. Тоа прашање треба да му го поставите на Руни, ама не знам. Не знам зошто ме критикуваше толку лошо. Тешко е да се слушаат такви критики и негативност од луѓето кои играле со вас, на пример и Гери Невил.

-Лесно е да се критикува ако не ја знаеш целата приказна, лесно е. Тие не се мои пријатели, -рече Роналдо кој дури и порача дека го користат неговото име за да бидат попознати.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни