Поврзете се со нас

Свет

Роналдо доби одмор, Ал Наср загуби во азиската ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/AlNassrFC_EN

Тимот на Ал Наср го претрпе првиот пораз во азиската Лига на шампиони и тоа од некогашниот клуб на Чави Ернандес, Ал Сад кој како гостин славеше во Ријад со 2-1.

Домашниот тренер Стефано Пиоли се одлучи да не го вклучи Кристијано Роналдо во списокот за овој натпревар, поточно да му даде одмор со оглед на тоа што следува дербито со Ал Итихад во Саудиска Арабија.

Меѓутоа овој потег му донесе неуспех, лош резултат на Ал Наср. Сите три гола паднаа во второто полувреме и сите беа дело на гостите, Афиф донесе водство, потоа Саис во 80 минута си постигна автогол за 1-1, а кога сите очекуваа напад на домаќините на трите бода, Унас во 99 минута од пенал донесе три бода за клубот од Катар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни