Роналдо детално објасни зошто не постигнуваше голови со глава, Нејмар се прсна од смеа (Видео)

ronaldo-brazil

Луис Назарио де Лима Роналдо на интересен начин откри дека Фабијан Ајала бил најнезгодниот противник со кој се соочил во својата успешна кариера, но напоредно со изјавата која ја даде при гостувањето во „Фестивал дело Спорт“, легендарниот Бразилец во уникатно интервју за „Отро“ како свој соговорник го имаше Нејмар.

Во истото, може да се види како Роналдо на својот млад сонародник му ги објаснува своите голгетерски квалитети, но она што предизвика посебен впечаток е објаснувањето кое го даде за својата најслаба точка во играта. Реално гледано, популарниот „Ил Феномено“ немаше никаква слаба страна, но постигнувањето на голови со глава беше нешто што навистина ретко се гледаше кога е тој во прашање.

– Имаше многу тренинзи за играњето со глава, натпреварувања и дуели за да се изборите за шут со глава. На еден од моите први тренинзи, тргнав по една топка и си ја отворив аркадата, по што добив десет конци. Од тој момент, просекот на постигнати голови со глава значително опадна, не сакав да се борам со топка со ниту еден дефанзивец. Морав да се задоволам само со топката во нозете, – објаснува Роналдо, изјава со која го изнасмеа Нејмар.

Facebook Коментари