Поврзете се со нас

Свет

Роналдо дефинитивно можел да заврши во Саудиска Арабија: Парите не беа проблем…

Објавено

на

Кристијано Роналдо цело лето се обидуваше да најде нов клуб, средина во која ќе може да игра во Лигата на шампионите, но иако се поврзуваше со многу клубови на крајот тој остана во Манчестер Јунајтед.

Меѓу сите тие европски клубови се појави и една друга опција, опција за која многумина помислија дека е само уште една шпекулација, но сега стигна потврда дека тоа е вистина и оти постоела можност Кристијано да заврши во Саудиска Арабија.

Роналдо одбил нестварна понуда и можност да стане најплатен играч во светот

Имено Ал Хилал сакаше да ја привлече ѕвездата со нестварен двегодишен договор вреден 242 милиони евра. Преговои постоеле меѓу страните, ама забраната за трансфери на Ал Хилал била пречка за да комплетира зделката.

-Точно е преговаравме со Роналдо. Проблемот не беше ниту во парите, ниту во некои принципи. Ал Хилал може да ги донесе најголемите светски ѕвезди, но проблемот е што Судот за спортска арбитража ни забрани да носиме нови играчи. И покрај тоа, не престанавме да преговараме со играчите, но моравме се да одложиме на крајот, бидејќи нашата суспензија остана на сила, -изјави претседателот на саудискиот клуб, Фахад бен Нафел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни