Поврзете се со нас

Свет

Роналдо даде гол, Обамејанг му пресуди на Ал Наср (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/AlNassrFC

Кристијано Роналдо постигна гол, но Ал Наср го претрпе првиот сезонски пораз во Саудиска Арабија и тоа од составот на Ал Кадисија.

Домаќините дојдоа до водство во 32 минута кога Роналдо на асистенција на Симакан ја смести топката во мрежата на противникот. Меѓутоа гостите кои се предводени од шпанскиот стратег Мичел (легенда на Реал Мадрид) брзо го возвратија ударот и преку Кињонес израмнија на 1-1 во 37 минута.

Истот овој играч ја имаше улогата на асистенет на почетокот на вториот дел кога Обамејанг се најде на вистинското место и стрелаше за комплетен пресврт, погодок кој на крајот се покажа како клучен за славје на гостите од 2-1.

Инаку Кадисија е тим за кој настапува Начо, тука е и големиот борец Нандез, а и голманот Кастелс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни