Поврзете се со нас

Свет

Роналдо бил најплатен спортист, минатата година заработил двојно повеќе од Меси

Објавено

на

Foto:x.com/AlNassrFC_EN

Кристијано Роналдо ја предводи листата на најплатени спортисти за 2024 година, објавена од порталот „Спортико“, кој ги анализирал приходите на најуспешните спортисти во светот.

Португалецот минатата година заработил 260 милиони долари, од кои 45 милиони долари биле од спонзорски договори, додека далеку зад него на второто место е Стеф Кари со годишна заработка од 153,8 милиони долари.

Боксерската ѕвезда Тајсон Фјури е на третото место со 147 милиони, додека Лионел Меси е на четвртата позиција со заработени 135 милиони долари, или речиси двојно помалку од профитот на Роналдо.

Во Топ 100 има претставници на само осум спортови, а ниту една спортистка не успеа да влезе во ова друштво, откако најблиску била тенисерката Коко Гоф со годишна заработка од 30,4 милиони долари.

Вкупната заработка на најплатените сто спортисти е 6,2 милијарди долари, што е зголемување за 14 проценти во однос на минатата година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни