Поврзете се со нас

Свет

Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AlNassrFC_EN

Кристијано Роналдо конечно го постигна првиот гол во дресот на Ал Наср, но иако со него донесе бод за својот тим, тоа не беше најпосакуваниот вид реализација.

Португалецот и денеска не се прослави во првенството на Саудиска Арабија, не реализирајќи неколку големи шанси, а притоа не криејќи ја фрустрацијата од промашувањата.

Ал Наср два пати беше во негатива на гостувањето кај Ал Фатих, но на крајот извлече реми (2:2), при што Роналдо израмни од пенал по истекот на деведесеттата минута.

Неговиот тим се спаси од нов голем кикс, но раководството сигурно нема да биде презадоволно од ремито со Роналдо во составот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни