Поврзете се со нас

Свет

Роналдо беше жртва не невиден судиски „грабеж“ во Саудиска Арабија: Луѓето во ВАР ги помешаа боите на дресовите! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AlNassrFC_EN

Фудбалот во Саудиска Арабија се повеќе добива на популарност и во Европа поради големиот број ѕвезди кои заминаа да играат во оваа земја, а Кристијано Роналдо како прв кој направи голем чекор со својот трансфер, вечерва беше жртва на еден од најголемите грабежи во кариерата.

Ал Наср и Ал Етифак играат во осминафиналето на Кинг Купот и фаворитот победи дури по дополнителни 30 минути игра, но момент на мечот беше оној пред крајот на првиот дел.

Талиска успеа да погоди за 1:0 и постигна гол по центаршут од левата страна, но наместо да го слави погодокот, тој поради силните протести на крајот заработи црвен картон.

Напаѓачот со право се бунеше и беше во право во дадената ситуација, но не можеше да направи ништо против луѓето во ВАР кои некако успеаја да ги помешаат дресовите и оценија дека Кристијано Роналдо игра со зелен, а противникот со црн дрес.

Поради тоа, беше покажана лажна слика дека Португалецот е во офсајд, па колку и да звучи бизарно и неверојатно, погодокот беше поништен и покрај проверката.

Кристијано и соиграчите не можеа да поверуваат на што сведочат, но после сите маки, Садио Мане погоди во 107-та минута и го однесе својот тим меѓу осумте најдобри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни