Поврзете се со нас

Свет

Роналдо: Ал Наср ќе биде мој последен клуб

Објавено

на

Foto:twitter.com/AlNassrFC_EN

Кристијано Роналдо и сезонава ќе го носи дресот на Ал Наср и ќе биде еден од најголемите амбасадори на првенството на Саудиска Арабија, а во последното интервју најавил дека веројатно ќе ја заврши кариерата по соработката со составот од Ријад.

39-годишниот Португалец пристигна во азиската земја во јануари 2023 година, а често се шпекулира дека може да го облече дресот на матичниот клуб Спортинг на крајот на кариерата.

Сепак, во изјавата за португалски медиум, Роналдо на навестува такво сценарио.

– Не знам кога ќе се пензионирам, дали тоа ќе биде за две или три години, но веројатно тоа ќе се случи како играч на Ал Наср.

– Среќен сум во клубот и се чувствувам одлично во оваа земја, среќен сум што играм во Саудиска Арабија и сакам да продолжам да го правам тоа уште некое време, – рекол Роналдо.

Тој барем засега не планира повлекување и од националниот тим.

– Одлуката за крај на настапите во националниот тим ќе биде спонтана, но и многу тешка. Во моментов сакам да му помогнам на националниот тим и со нетрпение ги очекувам натпреварите во Лигата на нации, – вели ЦР7.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни