Поврзете се со нас

Англија

Роналдо: Ако јас бев сопственик на Јунајтед…

Објавено

на

foto: x.com/Cristiano

Кристијано Роналдо во два мандати беше дел од англискиот великан Манчестер Јунајтед со таа разлика што во првиот период се вивна во фудбалските восочини, се промовираше и етаблираше на големата сцена, односно имаше многу значајна улога во успесите од 2003 до 2009 година.

Втората епизода на „Олд Трафорд“ не помина како што очекуваше, па дури и тој не помогна клубот да се врати на победнички патеки, меѓутоа согледа некои работи за кои и денеска зборува, проблеми за кои смета дека би ги решил ако би бил сопственик на премиерлигашот.

-Премиер лигата е најтешката лига на светот. Сите тимови се добри, сите тимови се борат, сите тимови трчаат, сите играчи се силни. Фудбалот е поинаков во моментов. Веќе нема лесни натпревари. Ова го кажав пред една и пол година и ќе продолжам да го кажам: Проблемот не е во тренерите. Тоа е како аквариум. Ако ја имаш рибата внатре и е болна и ја извадиш и го решиш проблемот и пак ја ставиш во аквариум пак ќе се разболат.

-Ист е проблемот на Манчестер Јунајтед. Проблемот не е секогаш тренерот. Тоа е многу повеќе од тоа. Ако бидам сопственик на клубот, ќе ги разјаснам работите и ќе го прилагодам она што мислам дека е лошо таму, -истакна Роналдо кој порача дека има поставено цел еден ден да биде газда на голем клуб.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни