Поврзете се со нас

Шпанија

Роналдо: Ако бев во Реал, ќе го научев Мбапе една работа……

Објавено

на

Foto:x.com/AlNassrFC_EN

Позната шпанска емисија „Ел Чирингито“ откри дел од интервјуто кое Еду Агире му го направил на Кристијано Роналдо, разговор во кој Португалецот ексклузивно говорел за новата голема ѕвезда на „кралскиот клуб“.

Килијан Мбапе изминатово лето си го оствари својот животен сон и потпиша за Реал Мадрид, па иако на почетокот се мачеше, сега полека наликува на играчот кој сите го очекуваа.

Мбапе почна да ги тресе противничките мрежи во шпанскиот фудбал и цврсто чекор по стапките на својот идол Роналдо, кој сепак вели дека Килијан не се снаоѓа најдобро во позиција на централен напаѓач.

– Ако бев во Реал, ќе го научев Мбапе една работа….. Ќе го научев како да игра како напаѓач, како чиста „9-ка“. Ниту јас не бев напаѓач, но станав со тек на време, едноставно се навикнав да играм како центарфор. Не заборавајте дека и јас почнав како крилен фудбалер.

– Напаѓачката позиција му носи компликации на Мбапе, тој се уште не знае да игра на таа позиција, тоа е моето мислење. Не велам дека не може, но едноставно тоа не е негова позиција. Според мене, Килијан никогаш не треба да биде типичен напаѓач, – вели Роналдо.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни